Над 130 загинати во монсунските дождови во јужна Азија
Над 130 лица загинаа во природните несреќи во јужна Азија, предизвикани од монсунските дождови, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на властите во сите засегнати држави.
Поплавите и свлечиштата во Непал веќе го однесоа животот на најмалку 67 лица, а 30 се сметаат за исчезнати, покажуваат податоците на полицијата во оваа држава.
Во пакистанскиот дел на Кашмир, во поплавите животот го загубиле 18 лица, а повеќе од 50 куќи се оштетени.
Во Индија, пак, вчера се урнала неколкукатна зграда поради постојаните врнежи во туристички популарниот северен планински регион Хималаји Прадеш. Во несреќата загинале 14 лица, од кои 13 биле војници, јавија локалните власти. Спасувачите и градежните машини се уште трагаат по преживеани под урнатините од зградата.
Монсунските дождови во периодот јуни-септември секоја година предизвикуваат смрт и разурнувања низ цела јужна Азија, а поројните дождови ги поткопуваат лошо изградените и лошо обезбедени згради, забележуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација