Свет
7. March 2017 - 16:12

Над 130 скијачи спасени од жичница, зафатена од бура, во скијачки центар во Италија

Над 130 скијачи се спасени од жичница,  на која се наоѓале во текот на силна бура во Италија, пренесе ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Спасувачаката операција била спроведена во зимскиот центар Прато Невозо, во северозападната област Пиемонте.

Спасувачите со јажиња, еден по еден, ги симнале скијачите од жичницата, додека ветрот беснеел со брзина од 140 километри на час.