Над 100 милиони евра за водоводна и канализациска мрежа најави Сугарески
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска беше во посета на Дојран, најави дополнителни 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта, како и над 100 милиони евра кои ќе бидат инвестирани во водоводна и канализациона мрежа.
- Ќе обезбедиме над 100 милиони евра за општините кои ќе може да се искористат за изградба на водоводи и канализации и затоа апелирам до општините да подготват и достават ревидирани проекти до Владата. Општините треба да ги утврдат приоритетните проекти, а ние ќе им помогнеме да ги реализираат. Ова е еден од начините со кој ќе ги подобриме условите за живот на граѓаните, рече Сугарески.
Тој денеска се сретна и со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов со кого разговараше за приоритетните проекти во општината како што се изработката на урбанистичките планови, развојот на туризмот, привлекувањето на странски инвестиции и подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура.
Градоначалникот на Дојран најави дека до почетокот на идната година ќе се заврши асфалтирањето на локалниот пат Дојран-Црничани.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок