Свет
11. April 2017 - 21:16

Над 100 кандидати за претседателските избори во Иран

Повеќе од 100 кандидати за претседател на Иран се пријавиле првиот ден од регистрацијата на учесници на изборите пшто ќе ссе одржат на 19 мај, јави иранската новинска агеција ИРНА.

Кандидатите за претседател ќе може да се пријавуваат до сабота, а услов е кандидатот да биде ирански државјанин.

Кандидатурите ќе ги разгледа Советот на чувари на Уставот на исламската револуција, свештеничко тело кои ќе објават конечна листа на кандидати до 27 април.

Советот не одобрува обично, учество на дисиденти и жени на формалната листа на кандидати.

Актуелнито претседател Хасан Рохани може да се кандидра за уште еден мандат.