Фудбал
25. July 2016 - 18:51

Националната Арена „Филип Втори Македонски’’’’ прекрстена во „Адем Јашари“ !?

 
 
Екипата на Шкендија во четврток ќе игра против чешкиот тим Млада Болеслав во 3.коло од квалификациите за Лига Европа. 
 
Иако овој натпревар ќе се игра на Националната Арената „Филип Втори Македонски’’’’ во Скопје, сепак навивачката група на тетовци „Балисти“ на својата фејсбук страна ( https://www.facebook.com/ballistet.1992 ) ја прекрстија македонската национална спортска гордост. 
 
Како најава на натпреварот оваа арена „балистите“ ја именуваа „Адем Јашари’’. 
 
 
 
 
Натпреварот е најавен и во УЕФА дека ќе се игра на Националната Арената „Филип Втори Македонски’’’’, но можеби (а ние не знаеме) во Македонија има и некој нов стадион кој се вика „Адем Јашари’’ !?
 
А, овој прекрасен стадион, дефинитивно е „Филип Втори Македонски’’
 
 
Ќе имаат ли доблест од раководството на Шкендија, да реагираат и оваа „лудо дело“ на националистички „креативци“ да го осудат и исправат останува да се види.