Бизнис
8. July 2019 - 16:28

Национална стратегија за справување со иселувањето на младите

Национална стратегија за намалување на иселувањето на младите, но и враќање на оние кои студираат или работат во странство подготвува Фондот за иновации.

Во првата фаза ќе се собираат информации од сите засегнати страни. Ученици, родители, образовни и државни институции ќе ги кажат своите потреби, но и што е тоа што треба да се промени во образовниот систем на државата.

-Ако создадеме програма базирана на потребите на младите во земјата, важно е сите тие кои во моментот се инволвирани во програмата да имаат активен глас. Не сакаме да направиме нешто ново, сакаме да изградиме нешто што веќе функционира. Затоа треба да ги дознаеме оние програми кои во моментот се успешни во државата и како да ги употребиме за национално ниво. Да ги дознаеме празнините и потребите и што треба да направиме за да ги пополниме тие празнини, вели Ребека Грејнџер Алис, проектен експерт.

Според проценките на Фондот, стратегијата би требала да биде готова во септември. Стратегијата ќе даде информации за државата во која насока треба да носи политики. Но и за младите, какви можности нуди државата за нивното натамошно квалификување.

Според последното истражување на јавното мислење спроведено за сителовиот Детектор, дури 70 отсто од студентите размислуваат за живот надвор од земјата.

Како најголема причина за оваа состојба го наведуваат животниот стандард. Сметаат дека во странство имаат повеќе шански за подобра иднина.