Македонија
29. September 2015 - 16:27

Национална стратегија за подобри услови во затворите

Подобрување на третманот на осудениците, обезбедување квалитетна здравствена заштита, намалување на насилството во затворите.

Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем со неколку цели за унапредување на затворските и воспитните установи.

Стратешкиот документ ќе значи подобар пристап кон осудените лица но и доближување на македонската до европската регулатива.

Првиот национален сеопфатен документ кој го трасира развојниот пат на македонскиот казнено-поправен систем за наредните 5 години, е изработен во соработка со Советот на Европа.

Заеднички заклучок е дека македонскиот затворски систем ги содржи сите елементи за модерно извршување на санкциите. Во моментов во Македонија затворски казни се извршуваат во 11 казнено-поправни установи, додека воспитни мерки во 2 воспитно-поправни домови.