Бизнис
5. November 2019 - 16:46

Национална стратегија наместо слатки ветувања бара бизнис секторот од политичките партии пред избори

Наместо слатки ветувања, консензус за главните економски политики. Бизнисмените и експертите на иста линија во пресрет на априлските избори. Сметаат дека пред да седнат да ги пишуваат програмите, политичарите треба да се усогласат околу стратегија за тоа каде сакаат да оди државава.

И сега бидејќи е доцна за консензус, експертите велат дека на политичарите им останува да се држат до вистината. На гласачите пред изборите во април треба да им кажат дека во економијата нема само добро.

За бизнис секторот многу е важно да бидат консултирани во процесот на создавање на програмите. Потребите на компаниите да бидат вградени во нив, ако тоа се случи нема да има радикални поместувања како со даночните политики последнава година.

Професор Треневски вели дека од претходните прграми што ги нудеа партиите јасно е дека имаат исти ставови за клучните работи. Инфраструктурата, реформите во администрацијата, образованието и здравство, дефицитот, задолжувањето се прашања за кои теореетски париите можат да се договорат. Проблем е што нивното спроведување носи политички ризик кој партиите не сакаат да го преземат.

Сител по ова прашање ги искoнтактира двете најголеми партии. Од двете добивме одговор дека на програмите се работи, но многу е рано да се откриваат детали.