Бизнис
23. April 2016 - 14:46

Национална конференција за управување и намалување на нефактурираната вода во земјите на ЈИЕ

Третата и последна национална конференција од проектот за управување и намалување на нефактурираната вода во земјите на ЈИ Европа на која се презентираа досегашните постигнати резултати пред релевантните претставници од ресорните министерства, општините и јавните комунални претпријатија се одржа во Неум, Босна и Херцеговина. Со загуби на вода во водоводната мрежа се соочуваат сите претпријатија во регионот, а тоа едноставно зналчи и нерентабилно работење и послаб квалитет на услугите кон крајните корисници.

-Најважна цел е да постигнеме одржливи резултати, со системите правилно да се управува, што ќе значи и покривање на трошоците, што ќе генерира средства за инвестирање во негово одржување и унапредување.-изјави Бригит, директор на ГИЗ за БиХ.

За првичниот ефект од почетокот на имплементацијата на проектот најдобро говори статистиката на ЈП „Водовод и каналзација“од Зеница.

-Ние за една година работа на овој проект за намалување на загубите, техничките загуби на вода од 8 милиони метри кубни годишно, ги намаливме на 2 милиони и 200 000 м3. Според тоа 4 пати ги намаливме загубите со вкупни вложувања од 400 000 КМ кои си ги повративме за една година-изјави Екрем Кахриман, Директор на ЈП „Водовод и канализација“ –Зеница.

Посебни тимови од 9-те пилот претпријатија од Македонија, Косово и Босна и Херцеговина имаа теоретска обука во Скопје и Клагенфурт во Австрија, а 3 претпријатија од нив, добија и опрема за детекција на подземните дефекти, како и практичен тренинг за нејзино користење.

-При крајот на проектот обезбедивме и додатни средства за обезбедување на опрема и за партнерските претпријатија. Значи секое претпријатие инволвирано во проектот ќе добие опрема за намалување на неприходната вода-изјави Сеад Ба, Национален експерт, „Аквасан –мрежа“, БиХ.

Аквасан мрежата во Босна и Херцеговина е имплементатор на проектот во оваа земја и според нивните истражувања и анализи, главниот виновник за енормните загуби кои во Сараево достигнуваат и до 70% , не треба да се бара во застарената инфраструктура, кражби и дефекти, туку во слабото менаџирање и несоодветното познавање на проблематиката на релевантните фактори.

-Преку ваквите проекти треба да вложиме големи напори за да го подигнеме знаењето на вработените и преку стекнатото знаење тие самите да ја намалат неприходната вода и да ги насочат своите напори во одржиловста на работењето на претпријатијата-изјави Санди , директор на „Аквасан-мрежа“ - БиХ.

-Сите документи што ги развивме во рамки на проектот ќе и помогнат на вработените во водоводните претпријатија, но исто така и на носителите на одлуки, зашто и за нив имаме препораки на кој начин да ја намалат нефактурираната вода-изјави Весна,  „Аквасан –мрежа“, БиХ.

Резултатите од имплементацијата во трите пилот земји, општини и претрпијатија ќе бидат презентирани на меѓународната конференција во Виена, која ќе се одржи на почетокот на месец мај.