Македонија
26. October 2018 - 8:34

Национална конференција „Кон интегративен мултикултурализам“

Национална конференција насловена „Кон интегративен мултикултурализам“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот “Различноста е во мода – Промоција на мултикултурализмот на локално ниво”.

Целта на конференцијата е да се иницира дискусија за моменталните предизвици во меѓуетничките односи во земјата и да се нагласи политичката и институционална посветеност во унапредување на меѓукултурниот и меѓуетничкиот дијалог во земјата.

На конференцијата излагања ќе имаат: Алберт Муслиу, прв извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ, Фрејк Јанмат советник, раководител на Сектор економски прашања, градење институции, прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Александар Кирацовски од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието и Рубин Земон посебен советник за развој на мултикултурализмот во Канцеларијата на Претседателот на Владата. Пред присутните најавени се обраќања и на градоначалниците на Тетово и Куманово, Теута Арифи и Максим Димитриевски.

Проектот е спроведуван од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Партнери на проектот се: Мултиетничката асоцијација „Флоренс Најтингл“ и Стопанската комора на северозападна Македонија.