Свет
7. July 2016 - 16:06

„Национален интерес“:Евентуална војна САД-Русија би ги чинела Американците три до пет трилиони долари годишно

Евентуална војна со Русија би ги чинела американските даночни обврзници три до пет трилиони долари годишно, наведува весникот Национален интерес.

САД веруваат дека технолошката надмоќ ќе им помогне во случај на воен судир, но сегашната економска ситуација не дозволува Вашингтон да влезе во конфликт со држава како што е Русија.

Ако американската војска се обиде да ја нападне Русија од Балтичкото Море, таму ќе ги дочекаат десетици противбродски балистички ракети со голем дострел, подморници и преносни ПВО ракетни системи и крстосувачки ракети.

Пентагон така би започнал скапа воена кампања на вода и воздух за да воспостави контрола над борбениот простор, наведува Национален интерес.

Ако САД успеат, американската армија ја очекува друга тешкотија за окупација на територијата на најголемата држава во светот потребно е многу сила и средства.

Притоа, Русија има доволно економска база еквивалетни сили да испрати врз САД.

Освен тоа, Вашингтон се наоѓа во најлоша финансиска ситуација во последно време. За изминатите седум години американскиот долг е на ниво колку и во Втората светска војна. САД се присилени да позајмуваат суми кои се поголеми од воениот буџет за да се испочитуваат кредитните обврски, наведува Национален интерес.