Македонија
22. July 2020 - 13:56

Началникот на СВР Струмица испукал куршум во својата канцеларија

Началникот на СВР-Струмица, Васил Тодоров, пред два дена, додека бил на работа во својата канцеларија, од службениот пиштол испукал еден куршум, кој завршил во подот. Информацијата ја потврди портпаралот на МВР, Тони Ангеловски.

– На 20 јули во 14:30 часот во својата работна канцеларија, началникот на СВР Струмица, В.Т., додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот тој бил сам во канцеларијата. Нема повредени лица, изјави портпаролот Ангеловски.

Додаде дека е известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР за расчистување на случајот.