Началникот на ГШ на АРМ Котески го посети тетовскиот регион
Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески заедно со заменик министерот за одбрана Иљми Селами, заменик командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Мухамет Рацај и заменик командантот на 1. Механизирана пешадиска бригада, полковник Велин Стојановски ги посетија загрозените подрачја во Тетовско кои беа погодени од поплавите, соопштија од Министерството за одбрана.
За време на посетата во Мала Речица и Шипковица била согледана состојбата на настраданите подрачја и можноста за ангажирање на дополнителни сили од АРМ за расчитување на штетите.
Во текот на изминатите два дена во најзагрозеното подрачје во Тетово и Тетовско, четириесетина припадници на АРМ од гарнизонот Тетово, заедно со локалното населени работат на отстранување на последиците од поплавите.
Во Шипковица припадници на Армијата со службени кучиња се ангажирани и во пребарување на теренот за пронаоѓање на девојчето кое исчезна во текот на поплавите. Во загрозените подрачја ангажирани се и инженериски машини и цистерни со вода за пиење за локалните жители.
Од АРМ информираат дека во наредниот период е можен ангажман на војската и инженериска механизација во селото Порој, Тетовско за изградба на мост.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа