Македонија
4. January 2016 - 17:12

Началниците кои ги назначи Спасовки, се уште ја брануваат јавноста

Обидот на техничкиот министер за внатрешни работи да ја оправда партиската чистка во МВР предизвика вистинска смеа во македонската јавност. Оливер Спасовски ги менувал началниците на полициите низ Македонија бидејќи не расчистиле џебни кражби и тепачки, а битолскиот началник паднал бидејќи не расветлил случај со запален автомобил

За невиденото партизирање на МВР говори и последниот случај со незаконското унапредување на сопругот на техничката министерка за труд и социјала Фросина Ременски, Јонче. Но за СДСМ останува девизата од референдумот за територијалната поделба во 2004 година дека некои прашања, не заслужуваат одговор

За помалку од два месеци раководење со министерството за внатрешни работи Спасовски смени десетици кадри и на нивно место донесе партиски војници на СДСМ. Покрај ова, Спасовски ангажираше и голем број советници на сите позиции каде што за тоа можеше да најде место со единствена цел, да се инсталираат што е можно повеќе партиски кадри на СДСМ во МВР.