Македонија
5. November 2017 - 18:30

Нацев: Граѓаните се во страв и загрижени за нивната безбедност

Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да избега и да стигне каде сака!

Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да се засолни било каде, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице.

Прашањето што се поставува во моментов гласи, кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Зошто се крие со каков автомобил се движеле?

Министерството за внатрешни работи го нема. Исчезна и Оливер Спасовски кој љубеше да држи прес конференции за мачки што гребеле автомобил.

Граѓаните се загрижени за сопствената безбедност заради неефикасноста на полицијата командувана од кадри на СДС. Се поголеми се и сомненијата дека намерно се одолговлекува со истрагата.

Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи?

Веќе 3 дена граѓаните се во страв и загрижени за нивната безбедност, а медиумите и невладините организации се плашат да прашаат зошто Оливер Спасовски спие.

Пред 3 дена се случи убиство на најбрутален начин со 5 куршуми во главата на младо момче, пред полно кафуле и голем број очевидци, а убијците се на слобода и во бегство.

Целиот град зборува и околу мотивите и околу сторители на убиството, само МВР ништо не знае. Медиумите веќе и пишуваат дека се работи за луѓе со дебели криминални досиеја, блиски до СДСМ и новата Влада.

Дури и новинарите блиски на СДСМ како Сашо Ордановски предупредуваа дека СДСМ треба да си ги заузда рекетарите со дебели вратови и тетоважи кои ја имаат полициската поддршка да дивеат низ град.

Едно семејство е завиено во црно, згасна животот на младо момче кое брутално беше убиено, а утре тоа може да биде било кој. Убијците се охрабруваат со несоодветното и бавно постапување на МВР. Тоа е цената што сите ја плаќаме на политичкото разместување на професионалците и поставувањето на неспособни партиски кадри на нивно место. Тоа е цената што сите ја плаќаме за ослободувањето и соработувањето со криминалците кои добија свој заштитник во полицијата и хунтата на Заев.

Со доаѓањето на власт на СДС мафијата си доби своја држава, а Скопје стана арена на мафијашки пресметки каде единствено важи законот на оружјето.

Откако дојде СДСМ на власт изминативе пола година видовме еден куп запалени и изрешетани автомобили, грабежи на банки и пошти, сквернавења на гробишта и пукање по улици, убиство на кандидати од локалните избори, а не е разрешен ниту еден случај.

Почитувани,

Скандалозно е да се случи убиство пред преполно кафуле, на улица, пред десетици минувачи, убијците да си заминат и три дена никој да не преземе ништо.

Морално и чесно би било, неспособниот Оливер Спасовски веднаш да си даде оставка и да ја препушти функцијата на некој што не би бил во коалиција со криминалот.

 

Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ