Македонија
2. November 2021 - 13:16

Набавено комбе во вредност од 3.233.200 денари за потребите на општина Росоман

Набавено е возило за транспорт на патници, комбе, со 20 седишта за потребите на општина Росоман, информираа денеска од росоманската локална самоуправа.

Набавката на возилото е финансирана од страна на Бирото за регионален развој и кофинансирана од буџетот на општина Росоман.

Проектот е во висина од 3.233.200 денари со ДДВ.