Бизнис
7. March 2016 - 19:45

На Железничката станица во Прилеп поставен новиот воз

Некогашниот воз “Пелагонија експрес” кој сообраќаше на линијата Битола – Прилеп- Скопје, од денеска, е заменет со нов, современ воз со дизел-мотор.

Новиот воз кој е опоремен со интернет, ТВ, клима- уреди, комфорни седишта, оваа недела ќе вози пробно, а веќе од наредната треба да биде ставен во редовен сообраќај.

Напоредно со набавката на модерниот современ воз, со кој релацијата Битола - Прилеп- Скопје сега ќе се патува за половина час побрзо, финишира и реконструкцијата на Железничката станица во Прилеп, во која ништо не беше променето цели 70 години.