Балкан
23. July 2017 - 14:35

На воена вежба во Романија полесно повредени 12 американски падобранци

Дванаесет американски војници се полесно повредени во инцидент за време на воена падобранска вежба во Романија, јави весникот „ Романија либера“.

Војниците се здобиле со повреди за време на ноќни скокови со падобранци во рамки на вежбата „Swift Response 17-1“, во военовоздухопловната база „Кампија Турзиј“, во централна Романија, и биле примени во воената болница во градот Клуж.

Инцидентот се сличил во текот на ноќта меѓу петокот и саботата.

Единаесет од повредените падобранци веќе биле испишани од болница, а еден останува на лекување со контузија на рбетниот столб. Повеќето настрадани војници се здобиле со контузии на скочните зглобови при приземјување со падобранот, прецизира  директорот на болницата во Клуж.

Вежбата се одржала во саботата рано утрината, а сценариото предвидувало упад во воена база, во рамки на маневрите „Swift Response 17-1“, во кои учествуваат приближно 1.000 романски и американски војници.