На владина седница не е расправано за работните групи за предлогот една изборна единица
Владата на седница нема расправано за работните групи за една изборна единица односно за измена на Изборниот законик, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на прашање кога ќе бидат формирани групите и кои ќе бидат членови.
-Секако, повеќе информации ќе следуваат понатаму затоа што е во раце на партиите кои на крајот ќе го имаат последниот збор, рече Арсовски на редовната прес-конференција.
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски пред десетина дена изјави за медиумите дека процесот за нов Изборен законик односно на моделот на избори прво треба да го дефинираат работни групи, а притоа ќе бидат вклучени експерти и стручна јавност со цел да бидат видени, како што рече, сите предвидувања како ќе изгледа изборниот процес врв основа на претпоставен нов изборен модел.
Ново на Сител
-
99 проценти граѓани ќе плаќаат 7.4 проценти поскапа струја, пресметал регулаторот
-
Пратенички прашања - преговорите со Бугарија централна тема
-
Спикерот Џафери порачува - пратениците да си седат на столче за да нема тепачки
-
На 24 часа пред завршувањето на претседателството Франција нема нов официјален предлог
-
Експертите скептични околу можноста за 24 часа да има договор
-
НАТО Самит - историски момент за Шведска и Финска
-
Нови предупредувања за ковид - раст за 65 проценти на бројот на новозаразени
-
Пратенички прашања во Собранието