Македонија
4. May 2016 - 13:33

На Велигден ограбени две цркви во штипско

Вчера околу 11 часот во ПС-Штип било пријавено дека во временскиот период од 18:30 часот на 2 мај до 9:30 часот на 3 мај непознат сторител со употреба на сила ја отворил влезната врата на црквата „Св.Илија“ во село Аргулица-Штип, влегол внатре и од иконите одзел околу 5.000 денари. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.

На 3 мај во 20:30 часот во ПС-Штип било пријавено дека ноќта помеѓу 2 и 3 мај непознат сторител со употреба на сила ја отворил вратата на манастирот „Света Тројца“ лоциран во населбата Баби - Штип, влегол внатре и од иконите одзел околу 1.000 денари. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.