Loading Video...
Спорт плус
15. March 2018 - 12:42

На Велигден јубилеен 50-ти ИКАС кајак слалом

Годинашното издание на Илинденски кајак слалом ИКАС ќе биде јубилејно 50-то, а ќе се одржи на Велигден 
 
На 8 и 9 април на патеката во Матка, крај Скопје, ќе се одржи јубилејното 50-то издание на традиционалниот Илиндески кајак слалом ИКАС. 
 
И годинашното издание ќе биде во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт и со Град Скопје. 
 
„Да бидеме домаќини е огромна чест и обврска за нас. ИКАС е втората најстара манифестација со долга традиција. АМС Годинава Агенцијата за млади и спорт ја потврдува својата заложба за промоција на патеката Матка . Европската кајакарска федерација донесе одлука заедно со  Илинденскиот кајак слалом овде да се одржи и првото коло од Светскиот куп во спуст.  Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно подржани од АМСМ и овој пат ќе ни биде чест да го поддржиме овој спортски настан. Не само поради важноста и промоцијата  на кајак  спортот во Македонија, туку и да се претставиме како добри домаќини“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
 
Досега своето учество го имаат пријавено кајакари од 14 земји, а организаторите очекуваат рекорден број на натпреварувачи, бидејќи рокот за пријавување е до 5 април. 
 
„На овој ИКАСТ досега имаме пријавено 14 земји учеснички, рокот е до 5 април, очекувам да стигнеме до бројка од 18 земји учесници. Ова ќе биде најмасовен ИКАС досега што и го заслужува со оглед на тоа што годинава го имаме јубилејното 50.издание. Патеката на Матка е подготвена и верувам дека се ќе се одвива во најдобар ред“ – истакна Атанас Николовски.
 
Инаку, на годинашното издание покрај натпреварите во слалом ќе се одржат и трки од 1.коло на Европскиот куп во спуст. 
 
Од федерацијата информираа дека Скопје и Македонија ќе биде и домаќин  на ЕП за јуниори и сениори до 23 години, кое ќе се одржи на истата патека, од 1 до 5 август