На Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола запишани 2.000 бруцоши
Околу 2.000 бруцоши почнаа да студираат на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
Првиот академски час се одржа на Техничкиот факултет во Битола каде на новата генерација студенти им се обратија актуелниот ректор Златко Жоглев и новоизбраниот ректор Сашо Коруновски, кој функцијата прв човек на Битолскиот универзитет ќе ја преземе на 1 октомври.
- Универзитетот како целина е нешто многу повеќе отколку класично учење. Желбата на студентите да студираат на нашиот Универзитет за нас претставува голема обврска и тоа што ќе им го пренесеме како знаење ќе ги следи низ цел живот. Очекуваме по завршувањето на нивниот образовен процес да бидат најдобри промотори на Универзитетот со кој сите се гордееме, истакна новоизбраниот ректор на Универзитетот Коруновски.
На Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола денеска се реализираше трет уписен рок и запишани се нови 154 студенти за студирање во прв циклус студии, со што вкупниот број на бруцоши достигнува околу 2.000, беше истакнато на денешната свеченост.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот