Македонија
10. May 2018 - 11:37

На третата годишнина од Диво Насеље Заев во приватна посета кај Харадинај

Додека Македонија вчера одбележуваше три години од терористичкиот напад во Диво Насеље и им оддаваше почит на загинатите полицајци, македонскиот премиер беше во посета на Рамуш Харадинај, премиерот на Косово чии соборци пукаа и убиваа македонски полицајци.

Харадинај вчера на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели фотографија од посетата на Заев во неговиот дом во Приштина.

-Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот домашен пријател и мојот македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга, Зорица, со желба нашето пријателство да се одрази и на односите меѓу нашите две земји и народи, напишал Харадинај.

Не спорно двајцата премиери да соработуваат и да другаруваат, но македонскиот премиер не го избрал најпогодниот термин за тоа.