Свет
4. February 2020 - 12:22

На Тајланд шест нови случаи на коронавирус

Тајландските власти потврдија шест нови случаи на заболени од коронавирус, од кои четири се тајландски, а двајца се кинески државјани.

Според Министерството за здравство, две од четири заболени лица од Тајланд неодамна биле во Јапонија, а двајца возачи биле заразени додека превезувале кинески туристи.

Со овие шест новозаболени, вкупниот број заразени лица на Тајланд достигна 25.