Македонија
5. July 2021 - 12:54

На Табановце за влез во државава се чека околу 20 минути

 На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 20 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Оттаму потсетуваат за најавата дека поради минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани  денеска сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12 и 15 часот во времетраење од 15 – 20 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.