Бизнис
2. August 2019 - 20:29

На Табановце се уште две пасошки и гранични контроли - Заев и Брнабиќ договараат сечење лента

Колони на граничниот премин Табановце. Партниците чекаат од половина до еден час , транспортерите и повеќе. Системот за заедничко царинење со Србија  кој треба да го убрза протокот на стоки и патници не стартуваше, иако беше најавено дека ќе биде во функција од први август. Граѓаните се надеваат дека наскоро да биде пуштен и гужвите ќе се намалат.

Надлежните велат се е подготвено, се  чека само да биде закажана официјланата церемонија.

Најверојатно системот ќе биде пуштен кон крајот на август откако ќе бидат усогласени агендите на премиерите на двете земји.

Со системот ќе се озвоможи со едно застанување на еден заеднички објект да се направат сите контроли на стока и патници.  Нема да има двојно фактурирање со што се намалуваат малверазциите, на едно место ќе се прават и сите санитарни и ветеринарни контроли. Заедничкото царинење е едно од барањата на транспортерите. Освен со Србија ваков систем се планира и со Албанија, на граничниот премин Ќафасан.

Овој систем се користи во многу европски земји, а во регионот веќе една пасошка контрола има поставено на границата меѓу Косово и Алабанија и Албанија со Црна Гора.