Македонија
8. August 2021 - 8:20

На Табановце се чека околу 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.