-->
-->
На Табановце пронајдена дрога во возило на албански државјанин
-->

Вчера царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за шверц на 8 килограми марихуанa.
Имено, околу 15:00 часот на излез од Република Македонија, на граничниот премин Табановце – автопат, се пријавило патничко моторно возило марка „Smart“ со албански регистарски таблици управувано од осомничениот Б.О. (56) од Р.Албанија.
И покрај тоа што пријавениот одговорил дека нема ништо за пријавување, царинските службеници се посомневале во одговорот, по што возилото било селектирано за преглед.

При прегледот на возилото, во задниот дел од левиот и десниот праг, во фабричка шуплина, царинските службеници пронашле вкупно 27 пакетчиња со различна големина, облепени со кафеава селотејп трака наполнети со наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од околу 8 килограми. Во разговор со осомничениот, утврдено е дека за паричен надомест од 4.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголема количина на наркотична дрога од Албанија за Чешка.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија ја нападна Украина со дронови и проектили
-

Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
