Македонија
21. July 2021 - 8:44

На Табановце и Богородица за влез и излез се чека 45 минути

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.