Македонија
18. August 2018 - 18:50

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по 15 до 30 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопштуваат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а интензитетот е зголемен на патните правци надвор од градските средини. 

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.