Македонија
12. јуни 2016 - 13:00

На Табановце фатен Албанец со фалсификуван пасош

Ц.В. (31) од Република Албанија синоќа и е предаден на полицијата откако се обидел да го премине граничниот премин Табановце со фалсификувана патна исправа.

Како што соопшти МВР, Ц.В. пристигнал на Табановце околу 20:45 часот со патничко возило „Форд Галакси“ со албански национални ознаки, но по извршената пасошка контрола е констатирано дека на 8-та и 10-та страна од патаната исправа, со употреба на механички и хемиски средства е избришана ознаката за забрана за влез во земјите на ЕУ.

Во 21:30 часот лицето и патната исправа се предадени во Полициската станица - Куманово за натамошна постапка.