Македонија
18. November 2018 - 17:23

На светскиот ден на толеранцијата - се помалку толеранција во македонското општетство

Нетолерантни се македонските граѓани. Хелсиншкиот комитет за човекови прави детектира отсуство на толеранција кон социјално загрозените, лицата со попреченост, нетолерантност кон различните етнички заедници. Ваквата состојба, велат, се провлекува цела деценија.

За подигнување на свеста кон различностите, неколку граѓански организации денеска маршираа по скопските улици.

Нетолеранцијата доведува до говор на омраза и насилство, велат од Младинскиот образовен форум. Додаваат оти најчесто жртви се младите и затоа е неопходно тие да знаат да ги препознаваат овие форми.

За превенција од насилство и говор на омраза, граѓанските организации сметаат дека е неопходна поддршка од правосудните органи. Обвинуваат дека обвинителството во фиока ги чува предметите кои потекнуваат од говор на омраза и со години одбива за нив да поведе судски процеси.