Бизнис
7. October 2019 - 17:51

На Светскиот ден на достоинствена работа работниците и газдите различно дефинираат што е достоинствено

Со минимална плата која не може да ги покрие основите животни потреби денес се празнува Светскиот ден на достоинствена работа. Ова подразбира работникот со платата да си овозможи достоинствен живот. Колку е потребно за  достоинство? Синдикатот кој ги штити работничките права бара минималната цена на трудот да може да ја задоволи барем минималната потрошувачката кошница, односно 50% од 32 илјади или нешто над 16 илјади денари.

Но разликата со ставот на бизнисмените е очигледна. Работодавачите сметаат дека достоинствената цена на трудот треба да биде минимални 13.500 денари.

Според пресметките на Синдикатот, на едно 4 члено семејство, за да ги задоволи основните животни потреби, месечно ќе му требаат 32,750 денари. Од нив, најголем дела се за храна и појалоци, како и за плаќање сметки. Ова значи ако има 2 вработени во семејството со минимална плата од 12,500 денари, му недостасуваат уште 7,750 денари да ги покрие животните потреби. Во моментов се преговара за зголемување на минамалецот.

Премиерот неколку пати годинава најавуваше дека преговорите финишираат и дека наскоро ќе има повисока минимала плата од 12. 500 денари, но договор се уште нема. Се чека од наредниот месец да се видат ефектите од мерката каде државата ги плаќа придонесите за газдите кои ќе им ги зголемат платите на своите вработени.