Живот
26. November 2015 - 11:18

На свадбата на овој воен ветеран, КУМ беше неговиот најдобар пријател - КУЧЕТО

Воен ветеран од САД, Џастин Лансфорд се венчал со својата љубов од средношколските денови, Керол Балмес. Ниту во еден момент не се мислел за тоа кој ќе му биде кумна свадбата, тоа бил нивниот миленик Габе.
 
Џастин ја изгубил ногата во експлозија во Авганистан 2012 година, а тогаш го запознал и Габе преку здружението „Warrior Canine Connection“ кое поврзува кучиња и ранети војници, а потоа почнуваат и да живеат заедно.
 
Целта е да им се помогне побрзо да оздрават и да се вратат во секојдневниот живот.
 
Од тој ден, Џастин и Габе станале неразделни пријатели. Кучето било со него во текот на целосното обновување, физички и психички, па дури му помогнало да ја запроси својата девојка.
Тие не се одвоиле ниту на венчавката. Верното куче стоело покрај него со лептир машна.
 
Погледнете ја нивната свадба во ова кратко видео...