Свет
24. November 2016 - 14:00

На странците кои влегуваат во Русија ќе им се земаат отпечатоци од прстите

На сите странци кои ќе влегуваат во Русија од следната година ќе им се земаат отепчатоци од прстите, соопшти денеска рускиот заменик министер за внатрешни работи Александер Горовој.

- Министерството за внатрешни работи има намера од 2017 година да зема отпечатоци од сите странци кои ќе влезат во Русија, рече Горовој на седницата на Горниот дом на рускиот Парламент.

Тој, како што јави ТАСС, им се заблагодари на колегите од странство кои, како што рече, ја сфаќаат неопходноста од оваа мерка.