Ракомет
15. August 2016 - 19:02

На стартот победа над Кипар

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија со победа над Кипар ги почна натпреварите на Б Европското првенство што се одржува во Варна. Попладнево нашите ракометари беа убедливи против еден од аутсајдерите во групата А селекцијата на Кипар и победија со 36:17 (22:7).
 Утре во рамките на второто коло противник на Македонија ќе и биде селекцијата на Ерменија.
На другите дуели од групата А од 1.коло беа постигнати следниве резултати: Украина – Косово 22:11 и Унгарија – Ерменија 56:7.