Loading Video...
Ракомет
23. October 2018 - 19:03

На стартот е важно да се победи

Македонската ракометна репрезентација првиот дуел од следниот квалификациски циклус го игра против Турција во ракометна Битола. Еден од најискусните во нашиот тим, Филип Лазарова посакува победа на стартот од циклусот: „Се наоѓаме на почеток на еден нов квалификациски циклус, во група со Исланд, Турција и Грција. Ние сме големи фаворити да ја поминеме групата и се надеваме на добар старт. Што се однесува до првите два меча, не треба да се потцени ниту еден противник и имаме респект за секого. Очекувам добра игра, добар настап и две победи.Турција има добар тим, иако е без најдобрите ракометари, имаат млади играчи. Таму се вложува во ракометот и затоа не треба да се потценат во никој случај“, изјави Филип Лазаров.