Македонија
1. February 2017 - 20:03

На СОС телефонот побарана помош за 11 деца

Бракоразводните постапки, семејното насилство и питачењето на деца и млади се најчестите случаи во кои децата биле потенцијални жртви, пишува во извештајот за работата на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши” во 2016 година. Од 82-та контакти кои биле остварени лани, постои сомнеж за можно прекршување на некое од правата на 111 деца.

Најчести жртви на насилство или на прекршување на некое нивно право, без разлика на полот, се децата на училишна возраст. 

Карактеристично за минатогодишниот извештај е малиот број на деца кои се јавиле на СОС телефонот, за да се информираат или да пријават прекршување на нивните права.

-На СОС телефонот за деца и млади кој функционира веќе 23 години и претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства, досега се регистрирани над 20 илјади повици.

Статистиката на “Меѓаши” покажува дека минатата година се забележани најмал број повици на СОС телефонот, во последниве десет години.