Живот
6. December 2017 - 12:43

На Снепчет напиша дека е подготвена за средба со мистериозен маж: Неколку дена потоа е пронајдена мртва

Сидни Луф (24) од Небраска се подготвувала за состанок со маж кој го запознала преку апликацијата Тиндер.

На Снепчет напишала „подготвена за состанок“, но набрзо потоа и се губи секаква трага.

По три недели потрага, на родителите им ја соопштиле веста дека нејзиното тело е пронајдено, но и дека полицијата нема некои други детали.

Погледај слику на Твитеру

Се верува дека Сидни отишла да се најде со непознат маж ноќта пред да исчезне. Нејзините пријатели велат дека исчезнувањето било сомнително и дека се плажат дека можеби во прашање е киднапирање.

Во случајот се вклучи и ФБИ, а полицијата бара двајца лица што би можеле да знаат нешто за смртта на Сидни. Се работи за Бејли Босвел (23) и нејзиниот цимер Обри Трејл (51).

Босвел наводно признала дека била со Сидни неколку часа пред да биде пријавено нејзиното исчезнување, но за нега никакво обвинение не е покренато.