Македонија
14. February 2020 - 10:39

На скопскиот аеродром уапсен опасен криминалец

Вчера во 12.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека С.П.(25) од Царев Двор, ресенско, се ноаѓа на листата со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Битола, за сторено кривично дело „кражба“.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправниот дом Затвор Прилеп.