Македонија
16. January 2021 - 11:43

На скопскиот аеродром уапсен 18-годишник, се наоѓал на листата со мерка „апси“

Вчера во 19.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(18) од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“,  по  наредба од Oсновен суд Скопје 1, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.