Македонија
22. April 2019 - 16:38

На што се должи слабата излезеност во првиот изборен круг?

Ниската излезеност не е само демографско прашање туку и порака до партиите, оценуваат политичките аналитичари. Велат дека тесната разлика ја предвиделе анкетите, но разочараноста придонела одзивот да биде исклучително низок.

Четирите најголеми политички блокови имаат спротивставени толкувања на исходот- за власта резултатот е добар по договоротите со соседите и законот за јазици, за опозицијата ова е знак за рпомена во расположението на гласачите. На тест е и успешноста на консензуалниот концепт.

Анализата во отворената програма покажа дека за вториот круг значајно ќе биде дали поддржувачите на Река ќе излезат на гласање и кого ќе поддржат. Двете најголеми партии ќе мораат да мобилизираат и дополнителни сили за целиот процес да биде успешен.