Македонија
29. December 2017 - 12:35

На штипски специјалитети во село Таринци - домашна пастрмајлија, зелник и пита...преубаво, исто како дома!

Во рамките на Општина Карбинци се наоѓа селото Таринци, тоа е само едно од многуте живи села во источниот регион на Македонија.
 
Се наоѓа на левиот брег на реката Брегалница, брои околу 800-тини жители и е урбанизирано село со функционална атмосферска, фекална канализација и асфалтирани патишта, водоводна мрежа и сето она што е потребно за едно нормално функционирање и во градска средина.
 
Селото Таринци е чисто македонско село, селска слава им е Св. Троица, ова и многу повеќе во репортажата за ова село погледнете..!