На седми април настапува розовата супермесечина
Во вторник (7 април) на небото ќе светне розовата супермесечина, најголемата и најсветлата месечина во годината. Иако таа носи име розова, сепак она што ќе го видиме на небото е полна месечина со златни нијанси. Името розова, доаѓа од цветањето на цветови со оваа боја во текот на пролетта.
Супермесечината е всушност полна месечина која се појавува во миговите кога Месечината е најблиску до земјата, а притоа таа изгледа посветла и поголема од вообичаената полна месечина.
Што велат астролозите за ваквата супермесечина?
Аспектот на Марс во квадрат со Уран кој делува на полната месечина би можел да донесе бунтовно и агресивно однесување кај луѓето. Јупитер во конјукција со Плутон ги зголемува ризиците, но позитивниот аспект на Меркур дава разбирање и здрав разум. Во овој период, формулата за среќа лежи во мудро промислените одлуки и подготвеноста за соработка со пријателите и соседите.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024