Балкан
15. February 2017 - 13:21

На Родос уапсени 16 мигранти

На грчкиот остров Родос денеска се уапсени 16 бегалци поради илегален влез во Грција.

Десетмина од уапсените се Сиријци, меѓу кои има и едно дете, петмина се Палестинци и еден Ирачанец. Тие на Родос пристигнале од турскиот брег.