Свет
10. May 2021 - 8:35

На роденденска забава во Колорадо убиени седум лица

Седум лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени денеска при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо, јавуваат локалните медиуми.

Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и почнал да пука.

Според извештаите во медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите.

Меѓу жртвите е и лицето за кое беше организирана прославата, што се одржа пред камп-приколки. Меѓу собраните имало и деца, но сите жртви се возрасни.

Полицијата соопшти дека пронашла шест мртви лица по пристигнувањето на местото на злосторството, додека седмиот им подлегнал на повредите во болница.

Истрагата за мотивите на нападот е во тек.