Македонија
18. јуни 2021 - 12:20

На регионалниот пункт за вакцинација во Струмица дневно се вакцинираат по околу 500 граѓани

На регионалниот пункт за вакцинација во Струмица дневно се вакцинираат по околу 500 граѓани. Во моментов се аплицира единствено втората доза од Синофарм на лицата кои пред три недели биле за прв пат вакцинирани.

Од здравствениот дом информираат дека од понеделник повторно започнува аплицирањето и на прва доза. За таа намена веќе ги добиле и првите количини од кинеската Синовак.

,,Ќе почнеме со вакцинирање прва доза на Синовак. Дозите се пристигнати и се очекува вакцинирањето со оваа вакцина да почне од следната недела, вели Д-р Катерина Џатева - Митрева. 
Од пунктот за вакцинација велат дека до сега сите граѓани кои добиле термин биле вакцинирани. Ниту еден на кој му било одобрено од лекарите не останал без вакцина.

,,Секој што аплицирал на вакцинација.мк, го добил својот термин и анкетата од лекарите е одобрена за да се вакцинира, тогаш секој си ја има примено својата доза, никој не е вратен, има доза за секој што аплицирал.
Евентуално ако има контра индикации во моментот тогаш се одложува за извесно време , но кога ќе дојде погодниот момент за да ја прими вакцината тие си ја добиваат уредно, вели Д -р Џатева Митрева.

Во изминатите три месеци колку што трае имунизацијата во Струмица вакцина примиле околу 10.000 граѓани, од кои голем дел веќе добиле и ревакцина.