Бизнис
25. March 2016 - 19:55

На продажба и закуп 450 некогашни државни стопански капацитети

Странските компании заинтересирани за браунфилд инвестиции во  некогашните стопански капацитети . Државата на бизнис заедницата и стави на располагање речиси 450 објекти,  кои можат да ги рестартираат или во нив да  започнат сопствен бизнис. Првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции  вели дека за многу скоро време  се очекува и првата компанија кој би започнала производство во некој од понудените капацитети

Некогашните стопански капацитети, како и туристички комплекси  можат да се погледнат на страната на Агенцијата. Потоа, вели Фида, заинтересираните  доаѓаат  во Агенцијата и заедно со нивни претсваници  го посетуваат објектот за да видат во каква состојба е.

Капацитетите можат да ги купат или изнајмат сите физички или правни лица  од земјата или од странство.