Македонија
18. December 2019 - 11:36

На преминот Ќафасан уапсен Албанец баран од Интерпол

Синоќа околу 23.50 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ од слобода бил лишен Р.К.(32) од Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп-листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија.

Тој бил предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.