Живот
13. May 2018 - 10:33

На прашањето на квизот одговорил со животна приказна: “Го знам одговорот, таму ја изгубив ногата”

Гарет Кендал освоил 125 илјади фунти (140 илјади евра) во квизот “Who Wants To Be A Millioner?”, бидејќи раскажал каде ја изгубил ногата.

Имено, на прашањето на водителот Џереми Кларксон: “Покрај кое езеро се наоѓаат рушевините на дворецот Уркухарт?” тој одговорил: “Го знам одговорот бидејќи таму ја изгубив ногата”. 

Џереми очигледно не бил спремен на ваков одговор, а публиката не можела да поверува што се случило.

Натпреварувачот раскажал како за малку ќе загинел во сообраќајна несреќа покрај Лох Нес, токму во близина на дворецот.

Тој одговорил точно на прашањето и си заминал дома со 125 илјади фунти. Гарет Кендал ги воодушевил сите и засега е најуспешниот натпреварувач во новата сезона на квизот.

Погледнете: